Скандал ја стресе Италија: Се „купувале“ повици во репрезентацијата!?

Италија повторно остана без пласман на Светското првенство (СП), по што беа најавени промени во италијанскиот фудбал, но во јавност се појавија тешки обвинувања за начинот на кој биле повикани дел од репрезентативците.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го критикуваше системот за повикување на фудбалери, односно посочи дека постоеле случаи во кои повик во репрезентација не се добивал на спортски критериуми.

Како што објави новинарот Николо Шира, Де Лаурентис во разговор за „Си-Би-Ес“ кажал тешки обвинувања кои дефинитивно ќе го стресат италијанскиот фудбал.

„Во репрезентацијата на Италија се повикуваат фудбалери кои се даваат ‘под маса’ од агентите. Тоа е непрофесионално, но се случува“, кажа првиот човек на Наполи.

 Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio