Македонија загуби во Словенија, но оди на Европско првенство!
Пораз кој не боли, загубивме во Словенија, но се радуваме на пласман на ново Европско првенство. Имаме гол разлика со која како една од четирите најдобро третопласирани селекции одиме на шампионатот.
Словенките уште еднаш покажаа дека се многу подобри од нас, првото полувреме го добија со 15-8, а во вториот дел бевме подобри отколку во првиот, а и Словенците го измешаа составот, па конечниот резултат изнесуваше 27-18 за Словенија.
Најдобра во македонската репрезентација беше голманката Андреа Илиќ која запиша 13 интервенции, многу важни за крајната гол разлика. Ангела Јанкуловска даде четири гола, Гакидова и Марија Јанкуловска по три.
Македонија третпат по ред оди на Европското првенство. Македонија третпат по ред оди на Европското првенство. Ова се игра во дури пет земји, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Од 3 до 20 декември.