Се „роди“ новиот Болт: Тинејџер го сруши рекордот на легендата од Јамајка!

Австралискиот атлетичар Гаут Гаут испиша историја на државното првенство во Суднеј, поставувајќи нов национален рекорд на 200 метри со неверојатни 19,67 секунди.

Со овој резултат, 18-годишниот спринтер стана првиот Австралиец кој ја пробил границата од 20 секунди, а воедно го надмина и најдобриот резултат на легендарниот Усеин Болт (19,93 од 2004 година). Тој дојде на чекор и до светскиот јуниорски рекорд на Еријон Најтон, од кој заостанува само две стотинки. Гаут не беше единствениот што трчаше под границата од 20 секунди, туку тоа го стори и второпласираниот Ејдан Марфи (19,88).

„Цела година го бркав овој резултат. Во глава си поставив цел од 19,75, а на крај испадна уште подобро“, изјави Гаут по трката.

Тој испрати и јасна порака до конкуренцијата.

„Сега знам дека можам. Имам само 18 години и верувам дека можам да бидам уште побрз“, заврши „новиот“ Болт.

Австралија со ова доби нова атлетска сензација, а светот – сериозен предизвикувач за безвременските рекорди во најбрзите спринтерски дисциплини.

ФОТО: EPA PHOTO