Болт му се поклони на Ѓоковиќ: Тој е неверојатна атлета (ВИДЕО)
Ако се суди според мислењето на легендарниот Јамајканецот, предноста оди на страната на српскиот ас.
На прашањето на новинарите од „Еуроспорт“ што е потешко, 24 освоени грен слем титули на Новак Ѓоковиќ или неговиот светски рекорд на 100 метри од 9,58 секунди, Болт без многу дилеми предноста ја даде на Ѓоковиќ.
„Без никаква дилема 24 грен слема. Новак е феноменален атлета. Се имаме сретнато неколку пати и навистина е одлична личност“, изјави Болт, кој деновиве ужива во тениските возбудувања на турнирот во Монте Карло.
Во продолжение, тој одговори и на прашањето за актуелното ривалство во светот на тенисот, каде вниманието е насочено кон Јаник Синер и Карлос Алкараз.
„За мене тоа е Алкараз, бидејќи веќе го имам запознаено. Се сретнавме еднаш во Шпанија и дефинитивно мојот глас оди за него“, додаде Болт.
🇯🇲 Hasta en Jamaica lo tienen claro.
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) April 7, 2026
🗣️ Usain Bolt elige: ¿Team Sinner o Team Alcaraz? pic.twitter.com/zj7orUX857
Фото: EPA