Трагедија: Почина навивач по срцев удар среде натпревар во Бундес лигата (ФОТО)

Навивач на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт почина во болница, на 87-годишна возраст, и тоа неколку часа откако претходно имал срцев удар за време на натпревар во Бундес лигата.

Медицинските екипи интервенираа и на стадионот за време на второто полувреме на дуелот против Ајнтрахт и Келн, по што лицето било пренесено во болница, но за жал не успеале да му го спасат животот.

„Долгогодишниот навивач на клубот, кој имаше сезонски билет, доживеа срцев удар среде натпревар. Иако беше успешно реанимиран на лице место, неговата состојба не можела да се стабилизира“, соопштија од клубот.

Фото: Facebook/Eintracht Frankfurt