„Убиецот“ на Бин Ладен, Гадафи, Стив Џобс стави крај на фудбалската кариера!
Иако одигра 86 натпревари и постигна 21 гол за Велс, настапувајќи на големи турнири како ЕП и СП, неговото име со години се врзуваше за неверојатна случајност - речиси секојпат кога ќе постигнеше гол, кратко потоа умираше некоја светски позната личност. Меѓу најчесто споменуваните „совпаѓања“ се смртта на Стив Џобс, Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Робин Вилијамс, па дури и ликвидацијата на Осама бин Ладен и Муамер ел Гадафи. Оваа низа на бизарни коинциденции му го донесе прекарот „убиец на познатите“, иако никогаш не постоеше реална поврзаност – стануваше збор за интернет феномен кој со години се ширеше меѓу навивачите.

Самиот Ремзи долго време одбегнуваше да зборува на темата, но подоцна низ шега изјави.
„Тоа е најсмешната гласина што сум ја слушнал за себе. Имаше многу ситуации кога сум дал гол и некој починал – навистина луда приказна. Иако, признавам, ‘средив’ неколку лоши момци“, изјави тој.
Во кариерата настапуваше за клубови како Арсенал, Јувентус, Ница и други, но без разлика на трофеите и головите, оваа необична „клетва“ остана дел од фудбалскиот фолклор поврзан со неговото име.
ФОТО: EPA PHOTO