МЗТ цел плејоф ќе го игра во Скопје, ТФТ иако лидер има потежок распоред

Денеска заврши основниот дел од сезоната во Суперлигата, па познат е распоредот на натпревари за првата фаза од плејофот која ќе брои пет кола.

Се игра еднокружен „Бергер“ систем, „секој со секого“, а првите четири потоа одат во полуфиналето. Со оглед на тоа што ТФТ и МЗТ Скопје се далеку пред останатите, за првото место ќе одлучува нивниот меѓусебен дуел.

Домаќин ќе биде ТФТ кој го освои првото место по основниот дел, а натпреварот ќе се игра во второто коло. Се чини дека тимот од Тафталиџе има нешто потежок распоред и покрај тоа што заврши како првопласиран затоа што им гостува не незгодните Пелистер и Кожув. Од друга страна, МЗТ Скопје сите пет натпревари ќе ги игра во Скопје затоа што двете гостувања му се кај ТФТ и Маџари.

Што се однесува до плејаутот, тој може да биде решен веќе идната недела, во првото коло. Работнички ќе го пречека Феникс и ако победи, ќе направи огромен чекор кон опстанокот во елитата имајќи предвид дека така ќе му избега две победи на четири кола пред крајот со тоа што ќе го има и дуелот со отпишаниот Ангели.

РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈОФОТ
1. КОЛО
ТФТ - Тиквеш
МЗТ Скопје - Кожув
Пелистер - Маџари
2. КОЛО
Тиквеш - Маџари
Кожув - Пелистер
ТФТ - МЗТ Скопје
3. КОЛО
МЗТ Скопје - Тиквеш
Пелистер - ТФТ
Маџари - Кожув
4. КОЛО
Тиквеш - Кожув
ТФТ - Маџари
МЗТ Скопје - Пелистер
5. КОЛО
Пелистер - Тиквеш
Маџари - МЗТ Скопје
Кожув - ТФТ

РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈАУТОТ
1, КОЛО
Чаир - Ангели
МКК Куманово - Гостивар
Работнички - Феникс
2. КОЛО
Ангели - Феникс
Гостивар - Работнички
Чаир - МКК Куманово
3. КОЛО
МКК Куманово - Ангели
Работнички - Чаир
Феникс - Гостивар
4. КОЛО
Ангели - Гостивар
Чаир - Феникс
МКК Куманово - Работнички
5. КОЛО
Работнички - Ангели
Феникс - МКК Куманово
Гостивар - Чаир