Футсал репрезентацијата ги почна подготовките за борбата за место СП

Футсал репрезентацијата на Македонија денеска ги почнува подоговките за првата фаза од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Газмен Хисејини за овие мини-подготовки пред заминувањето за Литванија повика 15 фудбалери.

Во Скопје репрезентативците ќе трнираат до седми овој месец, а потоа од деветти до 12 април ќе одиграат три средби во Литванија. Прво ќе се соочиме со Бугарија, па Турција и домаќинот Литванија.

Натпреварите ги играме на 9-ти, 10-ти и 11 април во градот Друшкиникаи.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ:

Петровски Антонио

Стојановски Иван

Благојевски Марио

Јасир Зекири

Рамадани Берат

Рамадан Јакуп

Еркан Сефери

Јанев Бојан

Исмаил Таулант

Јанев Димитар

Крстевски Иван

Садат Зибери

Тони Киревски

Игор Леовски

Давид Ристoвски