Победа добила донација на опрема од Австралија - четири месеци никој не ја зема од царина!
Имено, пред почетокот на вториот дел од сезоната во прашање беше доведено воопшто опстанувањето на прилепската гордост. Но, на крајот клубот некако собра сили и финансии колку да продолжи да се натпреварува во Втората лига каде што е во долниот дел од табелата.
Но, какви се проблемите на Победа можеби најдобро сведочи и изјавата на Гоце Павлески, Македонец кој живее во Австралија и кој се одлучил да помогне.
Имено, според неговата изјава за прилепскиот портал „Шампион.мк“ тој донирал опрема за тренинг која цели четири месеци стоела на царина затоа што никој не не отишол да ја земе.
„Собрав мали количини и се одлучив да направам спортска опрема за првата екипа, како зимски џакетчиња, дресови, шорцеви, по два пара и за дома и за гости. Направивме и тренерки, ги испративме овде и еве веќе четврти месец стојат на царина, нема слух никој, ни општината ни од клубот да се подигнат. И општината и клубот се запознати, само нема слух од никој. Од наша страна направивме сѐ што можеме, другото останува на градот и на клубот, не обвинувам никого, кој мисли дека може да ги подигне, бидејќи ќе останат за клубот“, зборува Павелски.