Сензационална најава: Салах летово ќе стане најплатен фудбалер во светот!
Египќанецот по девет години во Ливерпул, каде освои сè што можеше и постигна 255 голови, реши да замине и да започне ново поглавје во кариерата. Најконкретна е понудата од Ал Итихад, која е далеку над сите европски опции.
Неофицијално, станува збор за двегодишен договор вреден околу 100 милиони евра по сезона – сума што би го поставила Салах на врвот на листата на најплатени фудбалери во светот. Тоа значи околу 1,6 милиони фунти неделно, односно повеќе од четирикратно зголемување во однос на неговата плата во Ливерпул. Дополнително, трансферот ќе се реализира без отштета, откако Ливерпул прифатил да го раскине договорот една година порано, што му овозможува на Салах без пречки да го направи „трансферот на кариерата“.
Саудискиот клуб веќе прави простор за негово доаѓање, разделувајќи се со ѕвезди како Н'Голо Канте и Карим Бензема, што дополнително покажува колку сериозно смета на Салах како главна фигура.