Чеферин се заканил: Италија може да остане без организација на ЕП 2032!?

Италија минува низ тежок период, откако остана без пласман на Светското првенство (СП), а потоа се повлекоа претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина и легендарниот Џанлуиџи Буфон, но сега пристигнува уште една загрижувачка вест за „аѕурите“.

Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин во интервју за „Газета дело Спорт“ зборувал за проблемите со кои се соочува Италија и дека постои можност да ѝ ја одземе организацијата на Европското првенство (ЕП) во 2032 година.

ЕП 2032 треба да се одржи во Италија и Турција, а проблемите се јавуваат на Апенините каде што само два стадиони ги задоволуваат 100 отсто стандардите на УЕФА и ФИФА, а тие се во Торино и Удине.

„Турнирот е планиран и ќе се одржи, а се надевам дека инфраструктурата дотогаш ќе биде подготвена затоа што во спротивно натпреварувањето нема да се одржи во Италија“, кажал Чеферин.