Најскапото засилување на Ливерпул по четири месеци повторно се враќа во акција (ФОТО)

Англискиот гигант Ливерпул соопшти дека шведскиот напаѓач Александар Исак се вратил на тренинг по долгата пауза поради повреда.

Исак се повреди во дуелот против Тотнем во декември минатата година, па мораше да пропушти дури четири месеци, но сега повторно е подготвен за игра.

„Мислам дека Алекс е во добра позиција затоа што Шведска се пласираше на Мундијалот, а исто така тренира со нашата екипа“, кажа тренерот Арне Слот.

Исак е најскапото засилување на Ливерпул во историјата, откако „црвените“ го платија дури 145 милиони евра.

Фото: Liverpool FC/Facebook