Денеска на мегдан ќе излезат четири македонски фудбалски селекции!
Дуелот кој е во центар е оној на сениорите во Даблин каде ќе играме против Ирска, дуел без резултатско значење. Но, покај овој натпревар на А репрезентацијата, уште три младински селекции имаат свои натпревари.
Најрано почнува мечот на македонската репрезентација до 21 година, играме на гостински терен кај Ерменија квалификациски меч за Европско првенство.
Ерменија е единствената селекција која Македонија У21 ја победи во овие квалификации, а веќе одигравме седум меча. Денешниот дуел ќе биде можност само да се освои уште некој бод.
Надежите до 17 години почнуваат од 16:30, Македонија игра против Словенија која е домаќин на турнирот од елитната фаза квалификации за ЕП.
Ги загубивме мечевите од Франција и Греманија во првите две кола, а сега ќе се обидеме против Словенија да го освоиме првиот бод.
Од 19 часот македонската репрезентација до 19 години игра против Молдавија, меч од квалификации за Европско првенство.
Распоред:
20:45 Ирска - Македонија
У21 15:00: Ерменија - Македонија
У19 18:00: Молдавија - Македонија
У17 16:30: Македонија - Словенија