РФМ ги суспендираше судиите кои го судеа мечот меѓу Охрид и Алкалоид!
Мечот заврши 27-27, а двајцата судии кои ја делеа правдата се суспендирани на еден месец.
„Дисциплинската комисија на РФМ на службените лица Даниело Божиновски и Виктор Начевски (судии) утврди дисциплинска санкција-забрана за вршење на функција во временски период од 30 (триесет) дена, според Кодексот со неговите основни начела, член 1 и согласно член 23, кој е во корелација со член 16 од ДП на РФМ“, стои во соопштението.
За овој меч се поделени и парични казни кои ги добија членот на управата на Алкалоид, Гран Минов, кој ќе плати 40.000 денари, како и членот на управата на Охрид, Слачо Ристески кој е казнет со 25.000 денари.