Приведени се тројца навивачи на дербито меѓу МЗТ Скопје и Работнички!
Дербито мина во убава атмосфера без значителни инциденти, но сепак не било се идеално.
„На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се одржувал кошаркарски натпревар меѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички - Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.Б.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер“ спреј“, соопшти МВР.
По целосното документирање на случајот ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.