Анчелоти се радува на средбата со Модриќ: На 39 години не пропушти тренинг
Италијанскиот стратег со Модриќ имаше одлична соработка во Реал Мадрид, а сега не крие дека е среќен што двајцата повторно ќе соработуваат.
„Многу ми е драго што повторно ќе го видам Модриќ. Тој е посебен случај. Минатата сезона, додека го тренирав во Реал Мадрид, имаше 39 години и не пропушти ниту еден тренинг. Физички е подготвен, исто како и ментално“, изјави Анчелоти, кој со Модриќ во тимот освои три титули во Лигата на шампионите.
Исткна Анчелоти и дека ужива во сегашната работа како селектор на Бразил.
„Уживам да го тренирам Бразил, ова е прекрасно искуство. Фудбалската федерација веќе ми понуди да го продолжам договорот уште четири години. Ќе потпишам наскоро, пред Светското првенство“, откри Италијанецот.
Натпреварот помеѓу Бразил и Хрватска се игра ноќта помеѓу вторник и среда во терминот од два часот.