Утрешниот меч на Македонија може да биде преседан - првпат да има осум измени!
Имено, според новите правила на ФИФА, репрезентациите во пријателските натпревари можат да направат осум измени, меѓутоа во три интервали. Исто така, доколку има договор помеѓу двете репрезентации може да дојде и до 11 измени.
На оваа тема за медиумите на Островот изјава даде и селекторот на Ирците, Хеимир Халгримсон, кој сепак потенцираше дека сакаат и да имаат добар резултат.
„Новите правила на ФИФА дозволуваат осум замени во три интервали и тие можат да се направат без проблем, но дали ние го сакаме тоа? Пред се нашата цел е добро да одиграме“, изјави Халгримсон.
Според неговата изјава, мали се шансите да дојде до договор за дополнително зголемување, па така веројатно и Македонија ќе има право на осум замени. Натпреварот на „Авива“ стадионот во Даблин е закажан за во терминот од 20:45 часот.