Холандија пресилна за момците на Капинковски

Фудбалерите до 19 години денеска беа далеку од некакво изненадување и со 4-0 беа поразени во вториот натпревар од елитните квалификации за Европско првенство против Холандија.

Холанѓаните доминираа од почетокот натпреварот, а победата ја обезбедија со по два гола во двете полувремиња. Незапирлив за нашата одбрана беше Рулен кој комплетираше хет-трик, додека еден гол постигна Беренс.

Во групата за Македонија ова беше прв пораз, откако во првиот натпревар одигравме само реми против Фарски Острови. Во нашата група е уште селекцијата на Молдавија.