„Трофеј Македонија“ и годинава ќе се игра во Охрид: Познати се противниците на Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов кажа дека меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ и оваа година ќе се игра во Орид.

Македонските ракометари повторно ќе имаат квалитетни ривали, како што се Србија, Црна Гора и Хрватска.

Меѓународниот ракометен турнир минатата година, по долга пауза, се одржа во период од 18 до 20 септември, а Македонија се соочи Тунис и Египет, додека Грција се повлече поради вирусна инфекција во тимот.