Ракометарите добија шанса со спектакл против Грција да го потврдат пласманот на ЕП 2028!

Македонска ракометна репрезентација доби група по мерка во квалификациите за ЕП 2028 – комбинација од еден апсолутен фаворит и две селекции против кои „црвено-жолтите“ ќе ја бараат својата шанса.

Главниот предизвик ќе биде Шведска, која важи за голем фаворит во групата, додека дуелите со Грција и Луксембург треба да бидат клучни во битката за пласман на континенталниот собир што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Особено важно е што Македонија ќе ги отвори и ќе ги затвори квалификациите на домашен терен – потенцијална предност што може да има големо значење во конечниот расплет.

Според системот на натпреварување, првите две селекции од секоја група директно ќе обезбедат место на Европското првенство, а таму ќе им се придружат и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

Прво коло (5/6 ноември 2026): Македонија – Луксембург

Второ коло (8/9 ноември 2026): Грција – Македонија

Трето коло (10/11 март 2027): Македонија – Шведска

Петто коло (5/6 мај 2027): Луксембург – Македонија

Шесто коло (9 мај 2027): Македонија – Грција