Македонија за пет дена ќе го игра најбесмислениот меч во историјата!

По денешниот дебакл во Копенхаген, македонската репрезентација ја очекува уште еден натпревар во мартовскиот термин на ФИФА, но за многумина, тој меч е еден од најчудните во календарот.

Ако победеше вечерва, Македонија за пет дена ќе се сретнеше со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска, а вака игра со поразениот од тој натпревар. Во случајов, тоа е Ирска која вечерва на гостински терен загуби од Чешка на пенали со 3-4 откако по 120 минути игра беше 2-2. Тоа ќе биде дуел на двете поразени селекции во полуфиналето на баражот за Светското првенство (СП), кој нема да донесе ништо за учесниците.

Натпреварот во Даблин нема да има никаква натпреварувачка важност, но поради тоа што ФИФА треба да го испочитува договорот за ТВ-правата и мора секој репрезентативен циклус да испорача одреден број на натпревари, ќе има меч за т.н. трето место. Истото важеше и во минатиот бараж, во 2022 година, кога ја поразивме Италија, па „аѕурите“ заминаа на утешителен меч кај Турција.