Растодер: Не знам што се случи во второто полувреме!
Растодер доби шанса од првата минута, но Македонија не создаваше шанси, Данска беше селекцијата која постојано напаѓаше, а на крајот даде и четири гола.
„На теренот секогаш е тешко. Во првото полувреме имавме свои можности, но по 0-1, имавме еден момент што е ментална приказна. Десет минути, три гола... Жал ни е, сите тука сакавме да победиме и да направиме резултат. Имавме добро прво полувреме, но во вториот дел не знам што се случи. Многу лесно се случи некаков друг резултат“, изјави Растодер.