Реми на полувреме: Димитриевски нѐ одржува во живот во Копенхаген!
Резултатот на полувреме е 0-0, ама речиси постојано се игра на половината на македонската репрезентација и Данците апсолутно доминираат. Потврда за тоа е статистиката која вели дека домашната селекција упати дури 13 шута, а нашите ниеден и има шест корнери, Македонија два. Пет од 13. шута завршија во рамките на голот на македонската репрезентација, а Данска има и 71% посед на топка.
Среќа е тоа што на голот го имаме расположениот Столе Димитриевски кој во неколку наврати го спаси нашиот гол и не дозволи противникот да го отвори резултатот.