Нов брутален трипл-дабл на Јокиќ, Денвер победи во Феникс! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со уште една импресивна партија го предводеше Денвер до гостинска победа кај Феникс од 125-123, српскиот кошаркар имаше моќен трипл-дабл учинок.

Иако беше најефикасен на натпреварот, бројката на поени не беше ништо посебно, постигна 23, но она што го прави овој трипл-дабл голем е тоа дека сите три категории му беа 15+.

Имаше 23 поени, 17 скокови и 17 асистенции. По 17. пат во својата кариера успеал да направи ваков тип на трипл-дабл, па по мечот токму за тоа беше и прашан од репортерот. Но, Јокиќ скромно рече: „Едноставно се случува“.

Што се однесува до мечот, Феникс можеше да дојде и до победа во последните секунди, но Букер не погоди. Тој беше најфеикасен кај домаќините со 22 поени.

Резултати:

Шарлот - Сакраменто 134-90
Њујорк - Њу Орлеанс 121-116
Кливленд - Орландо 136-131
Феникс - Денвер 123-125