Гризман стави потпис на договор со новиот клуб!
Гризман потпиша договор кој ќе почне од јули 2026 година, односно откако ќе стане слободен играч. Французинот ќе ја доигра сезоната со Атлетико Мадрид, па потоа ќе замине.
Тој ја искористи репрезентативната пауза за да замине за САД и да го потпише договорот со Орландо.
„Многу сум возбуден што Орландо ќе биде моето ново поглавје во кариерата. Од моите први разговори со клубот, почувствував силна амбиција и јасна визија за иднината и тоа ме убеди“, рече Гризман.