На денешен ден се случи чудото во Палермо – дали ќе видиме реприза и во Копенхаген (ВИДЕО)
Алекс Трајковски погоди од далечина во 90 минута и ги шокира „аѕурите“, но потоа загубивме во финалниот дуел со Португалија, по кој Кристијано Роналдо и соиграчите се пласираа на Мундијалот.
Жолто-црвените в четврток во Копенхаген ќе ѝ гостува на Данска во меч со идентична важност како и тој против Италија, поради што целата македонска јавност сонува за ист епилог.