Интер ја почнува реконструкцијата со - млада ѕвезда на Челси!
Лидерот во Серија А сака да внесе свежина во средниот ред, особено по најавите дека искусните Хакан Чалханоглу и Хенрих Мхитарјан би можеле да го напуштат клубот на крајот од сезоната. Поради тоа, раководството на Интер веќе активно работи на пронаоѓање нивни наследници. Еден од главните кандидати е токму 21-годишниот играч за врска на Челси, кој се смета за фудбалер со голем потенцијал и профил кој одговара на плановите на италијанскиот клуб.
Сантос, сепак, не е единственото име на списокот на Интер. Италијанскиот клуб покажува интерес и за Леон Горецка, кој според најавите би можел да стане слободен агент на лето, што го прави особено привлечна опција за засилување на тимот кој настапува на стадионот Џузепе Меаца.
ФОТО: EPA PHOTO