Атанасовска испиша историја во Словенија – рекорден настап во велеслалом!
Атанасовска блесна на првата велеслаломска трка, освојувајќи го четвртото место, при што особено импресионираше во второто возење. Таа оствари второ најдобро време на патеката, со минимални 0,09 секунди заостанување зад победничката Ноа Шолош, што доволно говори за нејзината форма и квалитет. Со овој настап, македонската репрезентативка освои 33,20 ФИС точки – нов национален рекорд во дисциплината велеслалом. Одличната форма ја потврди и на втората трка во Рогла, каде во силна конкуренција се пласираше на седмата позиција, освојувајќи вкупно 39,99 ФИС точки.
Овие резултати претставуваат уште еден голем исчекор за македонското алпско скијање и потврда дека Атанасовска, заедно со својот тренер Александар Атанасовски, се движи во вистинска насока кон битки со најдобрите светски скијачки.