Голема шанса за Синер – може да се доближи на 1.190 бода од Алкараз
Актуелниот прв светски рекет освои само 40 бода на Флорида и имаше релативно неуспешна турнеја низ САД бидејќи стигна само до полуфиналето во Индијан Велс каде Синер ја освои титулата. Ако Италијанецот триумфира и во Мајами, ќе стигне до 12.400 бода, само 1.190 помалку од својот главен ривал за првото место.
Лошо за Синер е тоа што претстои сезона на земја каде Алкараз е одличен, но од друга страна, до средината на мај, италијанскиот тенисер не брани ниеден бод поради суспензијата во истиот период лани. Оттука, нема да биде изненадување ако по Мастерсите во Монте Карло и Мадрид тој се врати на челната позиција на АТП листата каде последен пат беше на 9 ноември 2025 година и вкупно досега собра 66 недели како лидер.