Лацио ја доби Болоња за трет триумф во низа (ВИДЕО)

Екипата на Лацио успеа да слави минимална победа над Болоња со 2-0 и така ја продолжи позитивната низа на резултати.

За римскиот клуб денешниот триумф беше трет во низа и тоа против Болоња која во последниот период игра исто така во добра форма.

Лацио до победата успеа да дојде во завршницата од натпреварот кога Кенет Тејлор погоди прво во 72-та минута, а потоа и вторпат десет минути подоцна. Претходно видовме и еден поништен гол на Орсолини поради недозволена позиција.

Во вториот натпревар Аталанта со минимални 1-0 ја оправда фаворитската улгоа над Верона, херој беше Давиде Запакоста кој го постигна единствениот гол на средбата.