Пелистер остана без тренер, Стојановски си замина од Битола!
Стојановски во Пелистер пристигна прет пет месеци во октомври, меѓутоа по лошите резултати и во вториот дел од сезоната одлучил да се повлече.
,,Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави поранешниот репрезентативец на Пелистер.
Ангажманот во Битола за Стојановски беше прв во македонскиот фудбал, но очигледно не успеа да се прослави. Претходно тренерската кариера ја градеше во клубови во Србија.
Засега не е познато кој ќе го води Пелистер во битката за опстанок до крајот на сезоната и тоа наскоро би требало да биде објавено.