Херера: Дресот на Македонија е нешто најголемо во мојата кариера!

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги почна подготовките за мечот со Данска за пласман на Светското првенство, меѓу дебитантите на списокот на Седлоски е и Себастијан Херера.

Фудбалерот на Борац Бања Лука кој има македонско држајанство, ги сподели првите впечатоци по пристигнувањето во таборот на македонската репрезентација. Тој со нетрпение го очекува своето деби.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме“, вели Херера.

„Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале“.

Мечот меѓу Данска и Македонија се игра на 26. март во Копенхаген.