Еден гол вреден три бода, Барса ја продолжи победничката серија! (ВИДЕО)

Барселона со 1-0 го победи Рајо Ваљекано на Камп Ноу благодарение на погодок на Араухо во првото полувреме, соовој триумф тие ја зголемија предноста на табелата пред Реал Мадрид.

Барса беше голем фаворит против Рајо Ваљекано и можеби многумина очекуваа и поубедлива победа, но таа беше минимална со 1-0.

Клучниот момент се случи во 24. минута кога по асистенција од Кансело, Араухо постигна гол за водство кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Сега Барселона има седум бода повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб вечерва го игра својот меч од ова коло, тоа е градското дерби против Атлетико.