Кузмановски во последните секунди ја спаси Македонија од пораз против Австрија
ЕХФ неделата Македонија ја искористи за да одигра пријателски натпревар против Австрија. Селекторот Кире Лазаров тестираше за бараж мечот за Светското првенство кое е следниот сериозен предизвик за нашата репрезентација.
Двете полувремиња во Брегенц беа идентични кога е резултатот во прашање, на полувремето беше 15-15, а конечниот резултат гласеше 30-30.
Македонија може да жали што не го доби мечот бидејќи во текот на вториот дел имаше и предност од четири голови разлика. Но, Австрија успеа да го изедначи резултатот, па да поведе со 30-29. Сепак Кузмановски со гол од пенал во последните секунди од мечот ја спаси нашата репрезентација од пораз израмнувајќи на 30-30.
Најдобар во нашата репрезентација беше токму капитенот Кузмановски кој постигна десет голови, Марко Митев реализираше пет погодоци.