На Слот му е јасно дека е под притисок, но не е загрижен!

Ливерпул денеска го доживеа десетиот пораз во Премиер лигата оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Брајтон со 2-1, притисокот врз Арне Слот се зголемува.

Во 31 натпревар во англиското првенство, Ливерпул има десет порази и седум нерешени средби, тоа се многу загубени бодови за тим кој беше шампион минатата сезона.

„Секогаш има притисок во Ливерпул. На мене, на фудбалерите. Тоа е нормално. Се квалификувавме во четвртфиналињата од ФА Купот и Лигата на шампионите, но во лигата мора да завршиме на места кои водат во Лигата на шампионите“, вели Слот.

„Можам да ви кажам зошто загубивме десетпати, примавме доцни голови, ситуацијата со повреди... Но, не е моја работа да барам оправдувања, моја работа е да наоѓам одговори и тоа е она што пробав да го правам денеска. Добри бевме во првите 45 минути“.

„Јасно е дека губиме многу бодови по играње во Европа. Се обидов да објаснам многу пати веќе зошто е тоа така, но денеска заслугите одат и за Брајтон. Во вториот дел тие беа подобар тим на теренот“.