На Барнли му нема спас, пораз на Кревин Котиџ (ВИДЕО)

Барнли ја продолжи серијата лоши резултати, овојпат загуби со 1-3 на гостувањето кај Фулам.

Мрежите мируваа се до 60. минута кога Флеминг постигна гол за водство на Барнли од 1-0.

По седум минути игра Кинг израмни на 1-1, а шест минути подоцна Вилстон погоди за комплетен пресврт и водство на Фулам од 2-1.

Во 93. минута Лорент направи пенал и доби црвен картон, а Хименез погоди од белата точка за конечни 3-1.

Барнли е претпоследен, со дури девет бода помалку од безбедната зона, но и натпревар повеќе од конкурентите. До крајот имаат уште седум натпревари и тешко е да се верува дека ќе може да се спасат.