Проблем за Вардар - се повреди Воркапиќ
Тој го напушти теренот во финишот од натпреварот и не можеше нормално да оди, па селекторот Раул Гонзалес одлучи да не го земе во Литванија и на негово место е повикан младиот ракометар на Загреб, Матеја Додиќ. Воркапиќ тврди дека не е ништо сериозно, ама конечната дијагноза ќе биде дополнително објавена.
„Ми се воспали тетивата, ама ништо страшно“, изјави Воркапиќ за медиумите во Србија по првиот натпревар со Литванија.
Неговата повреда може да биде проблем за Вардар каде 28-годишниот ракометар дојде минатиот месец. „Црвено-црните“ ги очекуваат пеколни два месеца во кои ќе се борат за три трофеи - првенството и Купот на Македонија и Европската лига каде Вардар стигне до четвртфиналето.