Шпанскиот селектор го објави составот - седум играчи од Барселона, само еден од Реал

Селекторот на актуелниот европски шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте го објави составот за претстојните пријателски дуели против Србија и Египет.

На листата има 27 фудбалери, вклучувајќи четворица голмани, но интересен е соодносот на играчи од најголемите шпански гиганти Реал и Барселона. Од мадридскиот клуб е повикан само Хујсен, додека од Барса има седуммина: Жоан Гарсија, Кубарси, Педри, Олмо, Фермин Лопез, Ламин Јамал и Феран Торес. Гарсија е првпат повикан во националниот тим, но прашање е дали ќе добие доверба покрај Унаи Симон кој е еден од капитените на шпанската репрезентација.

Овие тестови се последни пред објавувањето на конечниот список на фудбалери за Светското првенство, па од номинираните играчи за Србија и Египет може да се очекува голем дел да патуваат на американскиот континтент.