Швјонтек не го „преживеа“ второто коло во Мајами

Поранешната шампионка Ига Швјонтек доживеа елиминација во второто коло од Мастерсот во Мајами коој се игра за награден фонд од 9,4 милиони долари.

Втората носителка, која го освои трофејот во 2022 година, загуби од својата сонародничка Магда Линете со 6-1, 5-7, 3-6.

„Престанав да ги слушам тактичките совети. Беше само лош натпревар за мене во вториот и третиот сет. Несвесно или свесно, тешко ми е да кажам. Морам да работам за да се опоравам од тоа бидејќи не сум почувствувала нешто вакво околу пет години“, рече Швјонтек.

Ова беше втора победа по ред за пресврт за Линете, која го надмина дефицитот од еден сет и во натпреварот во првото коло против Варвара Грачева.