Првиот човек на Ла Лига објасни зошто е важно влегувањето на Роналдо во Алмерија!
Роналдо неодамна купи дел од акциите на Алмерија и стана еден од сопствениците на овој клуб. Брзо потоа драстично се зголеми бројот на следбеници на социјалните мрежи на Алмерија.
„Алмерија сега е петтиот шпански клуб по бројот на следбеници на социјалните мрежи откако Кристијано Роналдо реши да инвестира во нивниот проект“, вели Тебас.
„Ова е многу важно за да дојдат спонзори и нивниот проект да биде подобар и долгорочен. Кристијано во Алмерија значи амбиција за иднината“.