ТФТ со пораз се враќа од Златибор во првиот плеј-оф меч од АБА2
Златибор подобро го почна мечот, но ТФТ не се даваше во првиот период, поголема предност домаќините направија во вторите десет минути кога имаа и 12 поени предност, но македонскиот тим успеа да намали на 44-50. Резултат со кој се замина на одморот.
Клучна беше третата четвртина која ја доби Златибор со 28-19 и направи недостижна предност по која лесно го приведе мечот до крај за убедлива победа од 101-86.
Виктор Ташовски со 18 поени беше најефикасен во тимот на ТФТ, Дарин Говенс постигна 17, најдобар кај Златибор беше Мур со 24 поени.
Вториот меч меѓу овие две екипи е на 24 март во Скопје, ТФТ со победа ќе се избори за мајсторка која ќе се игра во Златибор.