Aнчелоти шокираше: Бодо е најдобриот тим во Европа!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, предизвика големо внимание со својот список за мартовските натпревари, на кој не се најде Нејмар, но на оваа прес-конференција, Италијанецот зборуваше и актуелните теми во европскиот фудбал.

Тема беше и фантастичната сезона на норвешкиот Бодо глимт кој е најголема сензација во Лигата на шампионите и се наоѓа на чекор од пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Според Анчелоти, резултатите на Бодо не се случајни.

„Тоа е моментално најдобриот и најорганизиран тим во Европа. Не само по резултатите, бидејќи ги победија Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Интер и Спортинг, туку се и најдобра дефанзивна екипа во Европа“, порача славниот италијански стратег.

Бодо во денешниот реванш против Спортинг од 18:45 часот ќе брани предност од 3-0 од првиот натпревар.