ФИФА брзо му одговори на Иран: Ќе играте таму каде што е планирано!
Според нивниот одговор, нема да има промени и Иран ако учествува, ќе мора да игра каде што е планирано.
„Во контакт сме со сите земји учеснички, вклучително и Иран. Очекуваме сите тимови да ги одиграат натпреварите според распоредот објавен на 6 декември минатата година“, стои во реакцијата од ФИФА.
Ова практично значи дека за Иран нема никакви олеснувања. Тие се дел од групата „Г“, а сите три натпревари ќе ги играат во САД: првиот на 15 јуни против Нов Зеланд, вториот на 21 јуни против Белгија во Лос Анџелес, а третиот против Египет во Сиетл.
Мундијалот на кој организатори се уште Мексико и Канада ќе се игра од 11 јуни до 19 јули.
Фото: EPA