Баерн нема голман, а најмногу минути на гол од сите подготвени има - Хари Кејн!
Имено, неверојатно е што дури сите четири голмани на Баерн во овој момент тројцата голмани на Баерн, Ноер, Урбиг и Улрајх се повредени, па така тимот е без чувар на мрежата.
Во ваква ситуација се појави една интересна информација. Најмногу искуство од актуелниот прв тим на Баерн од фудбалерите кои се подготвени за настап како голман има најдобриот стрелец на тимот – Хари Кејн!
Имено, Кен во 2014 година откако постигна хет-трик за Тотнем против Астерас Триполис застана голот во 87. минута. Тогаш Французинот Хуго Лорис се повреди, лондонскиот тим немаше измени, па улогата на прв голман ја презема Кејн.
Секако Кејн нема да брани сега и според најавите се очекува деби на 16-годишниот Леонард Прескот кој е дел од вториот тим на Баерн. Ако тоа се случи, тој ќе стане најмладиот голман кој настапил во најелитното европско натпреварување со точно 16 години и 176 дена.