Денеска македонската ракометна репрезентација се собра за почеток на подготовките за дуелот против Австрија кој е закажан за на 21 март на гостински терен.

Македонија со добриот настап на Европското првенсто си обезбеди полесен пат во баражот за Мундијалот, па така го прескокнавме првиот и за место на Светското првенство ќе имаме само еден противник.

Во баражот ќе играме против подобриот од пресметката помеѓу Украина и Словачка, без разлика која од нив ќе слави, ние ќе бидеме фаворити во тој натпревар. Но, претходно тука е Австрија која Лазаров и избраниците ќе ја искористат како еден тест.

На овој собир во репрезентацијата се враќа и Милан Лазаревски кој поради повреда не беше дел од македонската репрезентација на Европското првенство.