Работнички и Тиквеш ќе играат во чест на Андреј Лазаров (ФОТО)
Лазаров во моментот на трагедијата беше член на Шкупи, но во кариерата исто така играше и за екипите на Тиквеш и Работнички кои сега одлучија да му оддадат посебна чест така што ќе одиграат пријателски натпревар.
Натпреварот го потврдија и двата клуба, а ќе биде одигра на 29 март во Кавадарци со почеток од 13:00 часот.
Кариерата Лазаров ја почна во Металург од каде што пристигна во Работнички, а подоцна се пресели во Тиквеш, освен Шкупи беше дел уште и од хрватските Рудеш и Горица.

