Лазаров: Австрија е силна репрезентација, намерно сакавме да играме на гости

Maкедонската ракометна репрезентација денеска го имаше собирот пред ЕХФ неделата во која ќе избраниците на Лазаров ќе одиграат пријателски натпревар против Австрија.

Натпреварот против Австријците го играме на гости на 21 март, а според селекторот ова е одлична можност да тестираме нешто ново.  Македонија со настапот на ЕП успеа да го избегне првиот бараж, па така сме слободни додека го чекаме противникот во вториот.

„Ни пред се треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот.

Во баражот Македонија ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.

„Го чекаме тој двобој да видиме како ќе заврши за да можеме квалитетно да се подготвиме. Кога е репрезентацијата во прашање во секој момент треба да се искористи да се даде шанса на некој нов играч да видиме дали би можеле да го користиме на големи натпреварувања со силни противници. Избравме силен тим на гостински терен затоа што првиот натпревар го играме на гости и тоа ќе биде една добра и ментална подготвка. Австрија правеше проблеми и на многу посилни репрезентации од нас како на Европското првенство, така и на минатиот Мундијал“, истакна Лазаров.

За Лазаров не е премногу важно кој ќе биде нашиот противник, а очекува неизвесна битка помеѓу нашите потенцијални противници.

„Од материјалите што гимаме на хартија Украина е фаворит, но до последен момент мислам дека нема да го знаеме противникот, двете репрезентации играат различен ракомет. Наше е да се подготвиме, нема да биде лесно, ќе бидеме во улога на фаворити, не сме навикнати да имаме една таква улога. Најважно е да посакаме да бидеме здрави, има многу време и многу натпревари за ракометарите во клубовите, па затоа сакаме пред се сакам сите да сме здрави“, заврши селекторот.