Маџари до врв го наполни кошот на Чаир!
По поразот од Работнички, Маџари им се врати на победите и покажа зошто е пријатното изненадување оваа сезона.
Маџари почна моќно уште во првата четвртина која ја доби со 27-19, а на одморот замина со убедлива предност од 52-34. Во вториот дел продолжи да ја зголемува разликата и на крајот славеше со 105-83.
Амстронг со 22 поени беше најефикасен во составот на Маџари, Димчевски постигна 20, кај чаирчани се истакна Билингсли со 19 поени и 11 скокови.