Штета: Осимен потсети на епските „ножички“ на Руни - ама немаше среќа! (ВИДЕО)

Галатасарај во денешниот натпревар од 26. коло во турската Суперлига славеше победа од 3-0 против Башакшехир, а во овој натпревар Виктор Осимен немаше среќа да постигне спектакуларен гол.

Се играше 63. минута од натпреварот кога Нигериецот изведе спектакуларни ножички потсетувајќи на оние епски на Вејн Руни од дербито со Манчестер сити, сепак му недостасуваше малку повеќе среќа за топката да заврши во мрежата.

Неколку минути подоцна Осимен и се запиша во листата на стрелци, меѓутоа сигурно ова е шанса за која долго ќе жали.