Поранешен холандски репрезентативец оди во затвор поради - перење пари!
Судот во Цволе му наложи и да врати повеќе од два милиони евра. Иста затворска казна доби и фудбалскиот скаут Овеб Б кој да врати речиси 700.000 евра. Судот пресуди дека парите се стекнати со криминални активности.
Кастелен беше уапсен во ноември 2019 година на аеродромот Схипхол во Амстердам со речиси 140.000 евра во готово. Тој не ги пријавил парите, кои биле во 621 банкноти со апоени од 100 до 500 евра, а холандската даночна и царинска полиција (FIOD) започна истрага.
Тој тврдел дека му биле потребни парите за да купи часовник во Кина, каде што играл во 2017 година. Сепак, обвинителите се сомневале дека се обидел да ги испере парите во соработка со директорот на кинески фудбалски клуб. Кастелен ги навел бонусите за настапи и работата на скаутите како извори на пари, а исто така тврдел дека заработил дополнителни пари како фризер.
Адвокатот на Кастелен, Џералд Роетоф, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.
„Осудата во овој случај се базира исклучиво на големите трошоци на мојот клиент во периодот по неговата импресивна фудбалска кариера. Се чини дека фактот дека тој заработил милиони евра за време на неговата фудбалска кариера и успеал да стекне средства е занемарен. Ова е главното објаснување за неговото подоцнежно трошење“, изјави Роетоф за новинската агенција АНП.